
Санацијата на свлечиштето на патот за “Tефериџ” во Кисела Вода го презема Министерството и очекувам следната недела да распишеме тендер за санација и стабилизација, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.
” Toa e еден голем, исклучително сериозен проблем, имајќи предвид дека се работи за сериозно свлечиште. Гледате дека со автопатите, особено на Охрид – Кичево, стекнавме едно такво искуство. Проблематиката е далеку поголема од можностите и капацитетите коишто ги имаат општина Кисела Вода и Градот Скопје. Затоа, премиерот Мицкоски реализираше една координација на работна средба помеѓу нас, Општината и Градот. И овој вторник, на седница на Влада, донесовме одлука со којашто целокупниот проект го презема Министерството за транспорт. Веќе имаме изработено проект за стабилизација и санација и очекувам во најскоро можно време, а тоа е непосредно следната недела, да излезе тендерот за избор на Изведувач. После кој, некаде за месец, месец и половина, кога ќе се избере Изведувач, да можеме да работиме на санација и пред почетокот на зимата таа санација да биде завршена, така што целокупната проблематика ја презема Владата преку Министерството за транспорт” – истакна Николоски.

