Утрински Весник
Балкан

Мајка, татко и шестмесечно бебе од Молдавија загинаа во сообраќајна несреќа на Халкидики 

Policija grcija.webp.webp

Во сообраќајна несреќа на Халкидики при директен судар на цистерна и патничко возило во кое било четиричлено семејство од Молдавија, животот го загубија мајка, татко и шестмесечно бебе, додека другото дете е сериозно повредено, јави дописничката на МИА од Атина.

Несреќата се случи вчера попладне на регионалниот пат Неа Муданија – Никити, кај Полигирос, од противпожарната служба интервенирале со осум пожарникари и три возила, а со употреба на спасувачка опрема, жената и бебето ги извлекле без знаци на живот, додека пак мажот и другото малолетно дете со тешки повреди беа пренесени во болница.


Таткото кој беше во животна опасност синоќа им подлегна на повредите, а детето, на седумгодишна возраст е во тешка, но стабилна состојба.

Неофицијално, според информациите на МИА, автомобилот го возел 35-годишниот маж, додека пак неговата 28-годишна сопруга била совозач, а пак причините за несреќата, засега се непознати.

Можете да прочитате

Мирен протест во Атина против уставните измени за државните службеници и приватните универзитети

Бугарија се повлече од коалицијата за помош на Украина

Потврдено обвинението против обвинетите за трагедијата на железничката станицата во Нови Сад во 2024 година