Утрински Весник
Македонија

Од денеска на сила стапуваат новите правила за управување со електрични тротинети

Trotinet.jpg

Од денес официјално стапуваат во сила новите правила за управување со електрични тротинети, предвидени со измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Една од главните промени е старосна граница. Со електричен тротинет отсега ќе може да управува само лице кое наполнило 18 години. Досега тоа беше дозволено за лица постари од 14 години.


Законот воведува и нови ограничувања на брзината. На велосипедските патеки и ленти, максимално дозволената брзина е 20 километри на час. Додека на тротоари, пешачки патеки и мешани патеки, возачите не смеат да се движат побрзо од 6 километри на час.

Друго важно правило се однесува на преминувањето на улица. Доколку нема велосипедска патека или лента, возачот е должен да се симне од тротинетот и да го турка додека поминува преку пешачки премин.

Измените исто така забрануваат превоз на друго лице на електричен тротинет. При прекршување на ова правило, со глоба ќе се соочат и возачот и патникот.

Од денес носењето заштитна кацига станува задолжително за сите возачи на електрични тротинети. Исто така, останува во сила обврската за носење рефлектирачки елек при движење ноќе или во услови на намалена видливост.

Можете да прочитате

Поведена постапка за врсничкото насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички

Времето утре – сончево и топло, попладне пороен дожд и грмежи

Шумски пожар кај село Бајково на Огражден, загрозена е и црквата Св. Петар и Павле, ќе интервенират два ер-трактора