Утрински Весник
Балкан

Бугарија се повлече од коалицијата за помош на Украина

Bugarija 1.jpg

Бугарија се повлекува од коалицијата на земји што ја поддржуваат Украина во одбрана од руската агресија, објави претседателот Румен Радев. Со овој потег, Бугарија дополнително се дистанцира од мнозинството членки на Европската Унија кои ја поддржуваат Украина, објави Блумберг.

Радев, кој е познат како гласен критичар на испраќањето воена помош на Украина, постојано ги отфрла обвинувањата дека зазема проруски став во војната. Тој нагласува дека се залага за „прагматични“ односи со Кремљ.


Иако учествуваше на претходните состаноци, Бугарија не испрати претставник на состанокот на коалицијата во Париз во понеделник. „Ние не учествуваме во коалиција која инсистира на продолжување на финансиската и воената помош за Украина“, изјави Радев денес пред новинарите.

„Решението за овој конфликт не лежи во неговото продолжување со воени средства, туку во силна дипломатска мисија што конечно ќе ја запре ескалацијата“, додаде тој.

Можете да прочитате

Потврдено обвинението против обвинетите за трагедијата на железничката станицата во Нови Сад во 2024 година

Во Грција запленети над два тона небезбедни млечни производи од Бугарија – биле превезувани со камион без ладилник

Еден загинат и 17 повредени во сообраќајка во Црна Гора