Утрински Весник
Свет

САД и Иран продолжија со меѓусебните напади

Usa iran.webp.webp

САД и Иран денеска продолжија со меѓусебни напади, при што Вашингтон соопшти дека погодил десетици ирански воени цели, додека Техеран објави дека нападнал американски бази во Јордан, Бахреин и Кувајт.

Американската Централна команда (CENTCOM) соопшти дека биле гаѓани ирански системи за противвоздушна одбрана, крајбрежни радари, ракетни и беспилотни системи, како и помали пловни објекти.


Од друга страна, Иранската револуционерна гарда соопшти дека извела напади врз базите што ги користат американските сили во Јордан, Бахреин и Кувајт, пренесуваат иранските државни медиуми.

Техеран оцени дека дипломатските напори за смирување на кризата се „сведени на нула“.

Ескалацијата на конфликтот се одрази и врз светските пазари на нафта. Цената на северноморската нафта „брент“ за испорака во септември порасна за 3,85 проценти, на 78,94 долари за барел, додека американската „лесна“ нафта за испорака во август поскапе за 3,84 проценти и достигна 74,15 долари за барел.

Можете да прочитате

Украина изврши напад врз складиште за потрошено нуклеарно гориво

Иран во писмо до ОН ги нарече американските санкции „економски тероризам“

Уште еден нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина