Утрински Весник
Свет

Франција: Од денеска уште девет департмани во црвена фаза на тревога поради горештините

20260703121350 big 730x400 57.webp.webp

Девет департмани во Франција од денеска напладне ќе бидат ставени во црвена фаза на тревога поради големите горештини, додека 76 департмани остануваат под портокалов степен на предупредување.

Во парискиот регион и во повеќе департмани во централна и западна Франција утрово беа измерени меѓу 22 и 25 степени, додека се очекува температурата да достигне и до 41 степен, пренесува „Фигаро“. Како што се наведува, 59 департмани се изложени на „висок или многу висок“ ризик од избувнување на шумски пожари.


Префектот на департманот Дром, во југоисточниот дел на Франција, нареди дополнителни превентивни евакуации, кои опфатија околу 400 луѓе во планинското подрачје каде што веќе изгореа околу 3.500 хектари.

Метеоролошките служби најавија дека овој топлотен бран ќе го достигне својот врв меѓу недела и понеделник и дека ќе трае најмалку до 15 јули. Океанскиот воздух од Атлантикот би требало да го прекине топлотниот бран од 16-17 јули па натаму.

Во меѓувреме, црвената фаза на тревога е укината за регионот Лангдок-Русијон во јужна Франција, бидејќи враќањето на морскиот ветар значително ги намали температурите. 

Можете да прочитате

Најмалку 12 луѓе загинаа во шумски пожар во јужна Шпанија

Повеќе бродови поминале низ Ормуската Теснина и покрај обновените тензии на Блискиот Исток

Бројот на загинати во земјотресите во Венецуела се искачи на 3.889