Утрински Весник
Македонија

МВР: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

740249481 1704239950784863 2271765947084196529 n.jpeg

„Во изминатите две години покажавме дека со професионална, одлучна и неселективна работа можат да се постигнат конкретни резултати.

Денес криминалитетот во државата е на најниско ниво во последните 20 години, а вкупниот криминалитет е намален за 30%. Истовремено, ја зголемивме ефикасноста во откривањето на кривичните дела и нивните сторители на 69%.


Во борбата против организираниот криминал сузбивме над 30 организирани криминални групи, а бројот на разбиени групи поврзани со корупција е зголемен за 50%.

Во борбата против трговијата со дрога откривме над 1.600 кривични дела, пријавивме околу 1.900 сторители, запленивме 6,2 тони наркотична дрога, спречивме девет меѓународни транспорти на марихуана и кокаин, а заплените на кокаин се зголемени за повеќе од 300%.

Паралелно со тоа, имотниот криминал е намален за повеќе од 30%, а разбојништвата и разбојничките кражби за над 40%, што значи поголема сигурност за секое семејство и секоја локална заедница.

Ова не се само статистички показатели. Зад секоја бројка стои спречено кривично дело, разбиена криминална мрежа, спасен човечки живот, заштитен имот и поголема безбедност за граѓаните.

Им благодарам на сите полициски службеници за нивната пожртвуваност, професионалност и посветеност. Ќе продолжиме уште поодлучно, затоа што силната држава се гради со силни институции, а безбедноста на граѓаните останува нашиот највисок приоритет“, стои во објавата на Министерството за внатрешни работи.

Можете да прочитате

Во стан во центарот на Скопје пронајдени се починати две лица од Кина

Трагично загина Антонио Савески: Удрил во кучиња скитници, автомобилот излетал и се запалил

Судење за „Пулс“: Oдбраната поставуваше прашања за урбанистичкиот статус на објектот, родителите обвинуваат за намерно одолговлекување