Утрински Весник
Македонија

До 20 часот изгаснати 12 пожари, продолжува борбата со огнот кај Кичево и Битола

Pozar treva.jpg

Според најновите информации од Центарот за управување со кризи (ЦУК), заклучно со 20:00 часот денеска (6 јули), на територијата на државата биле регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор. Од нив, два пожари сè уште се активни, додека 12 се целосно изгаснати благодарение на интервенциите на надлежните служби.

Активни остануваат пожарите во Општина Кичево, во близина на градскиот стадион, каде што гори стрниште и сува трева, како и во Општина Битола, кај тунелот на обиколницата.


Во меѓувреме, изгаснати се пожарите во Демир Капија, Ѓорче Петров, Центар (на две локации), Новаци, Прилеп, Дебар, Дебарца, Свети Николе, Кочани, Пробиштип и Куманово.

Најголема материјална штета е регистрирана кај селото Прждево во Општина Демир Капија, каде што во пожарот изгореле две куќи, помошен објект, како и сува трева и нискостеблеста шума. Во Свети Николе, покрај нискостеблеста деградирана шума и сува трева, било зафатено и патничко возило.

Надлежните служби остануваат на терен и ја следат состојбата со двата активни пожари, со цел нивно брзо локализирање и спречување на понатамошно ширење.

Можете да прочитате

Сомнителен случај во Скопје: Изваден шраф и олабавени уште три на тркало – добивал и закани две години

Притвор побаран за 19-годишник, со малолетниот брат избоделе дете и возрасен во Чаир

Граѓански организации бараат итно разрешување на директорот на АОПЗ, Далибор Китановиќ