
СВР Скопје го расчисти случајот со физичкиот напад врз 10-годишно девојче што се случил на подрачјето на Центар, а за кој на социјалните мрежи беше објавена и видеоснимка.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 3 јули 2026 година во 22:30 часот, 45-годишната Н.П.Ц. од Скопје пријавила дека претходниот ден, на 2 јули околу 17:00 часот, нејзината 10-годишна ќерка била физички нападната од постаро машко лице.
Веднаш по добиената пријава, полициските службеници презеле мерки и активности за расчистување на случајот, при што било утврдено дека сторител е Д.Ј. (74) од Скопје.
Со него бил извршен службен разговор во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за кривичното дело „насилство врз дете“.


