Утрински Весник
Македонија

Министерот Муцунски оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на САД, Никол Варнес

Photo 2026 07 02 14 39 43.jpg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Никол Варнес.

На средбата, министерот Муцунски упати искрени честитки по повод 250-годишнината од независноста на Соединетите Американски Држави, истакнувајќи дека овој значаен јубилеј претставува сведоштво за континуитетот, институционалната стабилност и трајната виталност на американската демократија и нејзините темелни вредности.


Соговорниците го потврдија силното македонско-американско стратешко партнерство, изградено врз заемна доверба, споделени вредности и заеднички стратешки интереси. 

Воедно, беа разменети мислења за претстојниот Самит на НАТО во Анкара, при што беше потврдена заедничката посветеност на имплементацијата на целите договорени на претходниот Самит во Хаг.

Посебно внимание беше посветено и на следните чекори во спроведувањето на приоритетите утврдени на Втората сесија на Стратешкиот дијалог, одржана во април 2026 година, со акцент на конкретни иницијативи и засилена институционална соработка

Можете да прочитате

Уапсена кичевчанка: Во алкохолизирана состојба ја нападнала малолетната ќерка

Десет осуденици во Македонија казната ја издржуваат со електронска алка

Сексуален напад во Затворот во Штип: Осуденик пријавил дека бил силуван од друг затвореник