Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски и неговите „успеси” – кога пропагандата се судира со реалноста

Sdsm.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

Христијан Мицкоски вчера тврди дека опозицијата го блокира Изборниот законик затоа што е „уплашена од успесите на Владата”.


Изгледа дека почна да верува на сопствените лаги.

Ќе му одговориме со факти, а не со пропаганда.

Прво, Европскиот парламент во јунскиот извештај за 2026 година не ја става Македонија меѓу најдобрите во регионот. Напротив – изразува жалост поради недостатокот на напредок од претходниот извештај, особено во делот на владеењето на правото, судската реформа и борбата против корупцијата.

Додека Црна Гора цели кон членство во 2028, а Албанија кон затворање на преговорите во 2027, Македонија стагнира.

Второ, „успесите” на Владата се видливи на секојдневно ниво:

•  Економија во колапс, инвестициите паднати за 60%.

•  Буџет без пари, за само две години ја задолжија државата за 2,5 милијарди евра, наскоро нема да има за редовна исплата на пензии.

•  Граѓаните стојат по неколку часа на границите поради политиката на изолација.

•  Младите масовно заминуваат затоа што нема европска перспектива.

Мицкоски ја претвори Македонија во слепо црево на Балканот.

Трето, Мицкоски вели дека Владата ги прифатила сите предлози на опозицијата. Тоа не е вистина.

Не знаеме на кого мисли, бидејќи СДСМ и луѓето околу Фронтот за вистина и правда се единствената реална опозиција во Македонија.

Сè друго е театар.

Четврто, опозицијата не го блокира Изборниот законик од страв од „успеси” – успеси нема.

Единствениот успех на оваа Влада е видлив само за нив лично – во криминалните тендери.

СДСМ го блокира законот за да спречи изборен грабеж и затоа што одбива да учествува во уште еден закон скроен по мерка на организираната криминална група ВМРО, во момент кога Владата не исполни ниту еден сериозен реформски услов кон ЕУ

Можете да прочитате

АСОМ: Со овој закон не се штитат граѓаните, туку се уништува легалната дејност и се отвора пат за црниот пазар

Алиу: Брзата помош во Скопје ќе стане посебна институција и 100 нови амбулантски возила пристигнуваат

Вториот пензиски столб на обвинителна клупа – дали е тој виновникот или само последица?