Утрински Весник
Македонија

Три пожари до 14:00 часот, активни се два

Pozar treva.jpg

До 14:00 часот денеска се регистрирани вкупно 3 пожари на отворен простор, од кои два се активни, а еден е изгаснат, информираат од Центарот за управување со кризи

Активни пожари има во Општина Гази Баба, кај с. Трубарево, каде гори ниска вегетација и ниска шума и
Општина Липково, кај с. Опаје, каде се зафатени ниска вегетација и жито.


Изгаснат е пожарот во Општина Велес, на ул. „Димко Најдов“, каде горела ниска вегетација.

За заштита од пожари Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство донесе уредба со која се забранува влез во шуми од први јули до 31 август, односно шумите можат да се посетуваат само со претходно добиена дозвола.

Можете да прочитате

Мицкоски до Апасиев: Туѓите бизниси ти сметаат, а скапите хотели и шопингот во Солун не

Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување ниту милиметар

Битиќи до Јанкуловски: Како ќе им помогнете на граѓаните откако го одбивте нашиот предлог за 600 евра минимална плата