Утрински Весник
Македонија

СДММ: Нема да молчиме, младите победуваат!

Sdmm pred vlada.jpeg

Прес конференција на Социјалдемократската младина на Македонија – Трајче Сточјевски, претседател на СДММ

Криминалната организацијата на власт сака да ме замолчи мене, да ги замолчи младите, да ги замолчи сите што гласно зборуваат.


Под казна ме префрлија на 100 километри подалеку од моето работно место. Само затоа што гласно зборувам за ова најнеспособна Влада предводена од Христијан Мицкоски.

Класичен партиски реваншизам што секојдневно се спроведува низ институциите.

Не само врз мене, ова не е моја лична приказна, ова е секојдневие на многу млади во Македонија. Тортура и притисок на работа од страна на Организираната криминална група ВМРО врз стотици  млади луѓе, само затоа што не се нивни слепи послушници.

Денес сум јас, утре е  друг, млад службеник, наставник, лекар или млад човек кој има храброст да мисли со своја глава.

Ги казнуваат сите што размислуваат поинаку, зборуваат гласно и не се покоруваат на партиските притисоци на Христијан Мицковски.

Младите нема да молчат пред ваквите злоупотреби.

Испраќаме јасна порака до сите слободоумни граѓани – придружете ни се!

Заедно да им се спротивставиме. Ние сме вашиот глас, на обесправените, на неправедно казнетите, на сите кои се под политички притисок.

Да се избориме за систем. Младите да не заминуваат.   Македонија да биде држава во која работното место зависи од професионалноста, а не од партиската книшка.

СДММ ќе продолжи гласно да се бори против секоја неправда и против секој обид за заплашување на младите и на сите граѓани.

Можете да прочитате

Кузеска: За две години владата на Мицкоски го уништи македонското земјоделство

Министерот Тошковски презентираше двегодишен отчет: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години и продолжување на реформите во МВР

„Безбеден град“ детектирал 120.000 прекршоци за пет месеци