Утрински Весник
Македонија

Зајкова: Потребно е итно законско решение за зауздување на „шурењето” на граѓаните од страна на банките

Monika zajkova samo vistina e1782371222136.jpg

„Кога државата гледа дека постојано растат провизиите и дека банките ги ‘шурат’ граѓаните со непотребни трошоци, нека се направи една анализа, ќе видите како и во други европски земји сето тоа се регулира. Притоа и гувернерот апелира дека можеби ќе треба значи законски да се заузда таквото работење на банките кои што остваруваат енормни профити, а вие имате закон пред вас кој што во неколку наврати го одбивате. Ова не е само за сега. Во минатиот парламентарен состав воопшто не беше ставен на дневен ред законот”, вели во гостување на Само Вистина, претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова.

Зајкова посочува дека владејачкото мнозинство го одобрува и му дава кредибилитет на „грабежот” кој се случува од страна на банките и прашува кои се причините за тоа?


Пратениците од владејачкото мнозинство на последната седница на Собранието одлучија да не го прифатат предлогот на ЛДП за намалување на банкарските провизии и неоправдани трошоци и со тоа, наместо да застанат на страната на граѓаните, одлучија да одработат за банките и крупниот капитал.

„Јас не можам да објаснам зашто да не донесеме закон со кој што ќе се спречи тоа дивеење на банките, односно ќе се спречи банките да ги ‘шурат’ непотребно граѓаните со разноразни трошоци и провизии. Непоимливо е да вие да плаќате за одржување на неактивни сметки или за проверка на состојба од банкомат или кога вадите од еден на друг банкомат. Тоа веќе европските земји го имаат многу добро решено и мислам дека треба да се стремиме да одиме натаму. Не го велам ова само јас дека се високи провизиите. Самиот гувернер на Народната банка упати еден апел тие да се намалат, меѓутоа пред извесно време гледаме дека повторно се покрена на прашањето за 30% раст на провизиите кои што ќе ги погодат токму пензионерите и кредитоспособните”, посочува Зајкова и додава дека жали што не се отвара суштинска дискусија за законот.

На прашање која е причината и зошто не може да се изгласа законот, Зајкова одговори дека не може да прејудицира, но тоа може да бидат банкарските заеми на партиите или одредени состојби во делот на финансирањето на партиите, нешто што треба да го образложат оние кои што не даваат поддршка на законот.

Можете да прочитате

ДЗР: МЕПСО со раст на приходи, но со неправилности во управувањето со имотот, инвестициите и човечките ресурси

Најмногу дожд наврнало во Гевгелија

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со нови материјални докази