Утрински Весник
Македонија

Работничка повредена во фабриза во ТИРЗ Кочани

Brza Pomos 1.webp.webp

Жена (34) од пробиштипското село Трипатанци е повредена при извршување работни задачи во приватна компанија во индустриската зона во Кочани.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 22 јуни околу 13:50 часот, кога од Итната медицинска помош во Кочани известиле дека кај нив била донесена повредената Ј.С.(34).

Според првичните информации, жената се здобила со телесни повреди додека била на своето работно место во приватна фирма, лоцирана во индустрискиот дел на градот.


На местото бил извршен увид од полициски службеници од ОВР Кочани, а во постапката е вклучен и Државниот инспекторат за труд, кој ги утврдува околностите под кои се случила несреќата.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Охридскиот договор не е сопственост на ДУИ

Министерот Алиу учествуваше на онлајн промоција на „Патоказот за здравје и благосостојба во Западен Балкан 2026–2030″

Муцунски: Две години активна дипломатија, посилни партнерства и конкретни придобивки за граѓаните