Утрински Весник
Македонија

Од девет пријави за семејно насилство, приведени седум лица во последното деноноќие

Nasilstvo.jpeg

На 21.06.2026 во 17:26 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Б.С.(51) од Гевгелија, постпаувајќи по претходна пријава дека во викенд куќа во гевгелиско село физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга, при што ѝ нанел повреди на главата и телото. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

На 22.06.2026 во 06:50 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена пријави дека на 21.06.2026 околу 22:30 часот во домот на нејзините родители на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот сопруг Г.Ј.(31) од Скопје упатувал закани кон неа и нејзиното семејство.


На 22.06.2026 во 01:50 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.И.(73), постапувајќи по претходна пријава дека на 21.06.2026 околу 17:30 часот во домот физички ја нападнал неговата 35-годишна ќерка, при што употребил тврд предмет.

На 21.06.2026 во 13:25 часот во СВР Скопје, 45-годишен маж пријави дека во домот на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од неговата сопруга А.П.С.(44), која фрлала и тврди предмети кон него.

На 21.06.2026 во 16:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Д.С.(37), постапувајќи по претходна пријава дека во домот на подрачјето на Гази Баба физички ја нападнала нејзината 69-годишна мајка.

На 21.06.2026 во 16:25 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.С.(44) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 46-годишна сопруга дека на 20.06.2026 околу 23:30 часот во угостителски објект во скопско, каде што се одржувала семејна веселба, дошол и упатувал закани.

На 21.06.2026 во 14:30 часот во тетовско село, полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане го лишиле од слобода М.М.(30) од истото село, кој бил пријавен од негов 61-годишен роднина од селото дека му се заканувал.

На 21.06.2026 во 19:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.И.(28) од Тетово. Претходно, неговата 51-годишна мајка во СВР Тетово пријавила дека околу 12:00 часот во семејниот дом А.И. почнал агресивно да се однесува и ја кршел покуќнината откако не му дала пари колку што барал. После тоа се заканил со нож на неговата 24-годишна сопруга и физички ја нападнал мајка си.

На 21.06.2026 во 23:50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа М.М.(34) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека отишол во семејниот дом на неговата 23-годишна поранешна сопруга и се заканувал дека физички ќе ја нападне.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Македонија сака извозна економија, но бакарот од Иловица останува неискористена можност

Гаши утре во Софија на средба со претседателката на бугарскиот парламент

Мицкоски ќе ја финализира реконструкцијата до викендот, јавноста шпекулира со четири имиња