Утрински Весник
Свет

Експлозија во терминал за извоз на природен гас во Катар, повредени се 54 лица, 18 се водат како исчезнати

20260622081703 big 730x400 11.webp.webp

Експлозија во клучен терминал за извоз на природен гас во Катар во текот на ноќта предизвика пожар во кој беа повредени најмалку 54 лица, а 18 други се водат како исчезнати неколку часа подоцна, објавија светските агенции.

Инцидентот во индустриската зона Рас Лафан би можел дополнително да ги наруши глобалните енергетски пазари, бидејќи Катар е еден од најголемите светски производители на природен гас. Земјата го запре производството додека контролата на Иран врз Ормуската теснина ја спречуваше да испраќа резерви до своите клиенти. Откако Иран го олабави контролата врз теснината во разговорите за конечно завршување на војната, Катар започна активности за повторно отворање на извозниот терминал.


Инцидент за време на почетокот на активностите во индустрискиот град Рас Лафан резултираше со експлозија и пожар во локалната гасна постројка Барзан синоќа, соопшти „Катар Енерџи“. Обемот на штетата останува непознат. Првично, властите пријавија само неколку повредени, но неколку часа подоцна катарското Министерство за внатрешни работи објави значително поголем број жртви. 

Можете да прочитате

Силни украински напади врз Крим

Во Иран измерени речиси 50 степени, минус 70 степени на Антарктикот

Четири катарски танкери за природен гас влегоа во Ормуската теснина