Утрински Весник
Свет

Зеленски и го враќа на Полска доделениот „Орден на белиот орел“

Zelenski.webp.webp

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, соопшти дека и го враќа на Полска високото државно признание „Орден на белиот орел“, откако претходно полскиот претседател, Карол Навроцки, порача дека одликувањето се одзема поради историски спор.

Одлуката доаѓа во контекст на зголемени тензии околу историските прашања меѓу двете соседни земји.


„Бевме уверени дека ‘Орденот на белиот орел’ во 2023 година му беше доделен токму на украинскиот народ и на нашата војска. Верувам дека иднината ќе го потврди почитувањето кое Украинците го уживаат“, напиша Зеленски на „Телеграм“.

Тој нагласи дека Украина не ја заборава поддршката и соработката на Полска во војната против Русија.

Зеленски додаде дека Украина останува отворена за конструктивен дијалог со Полска со цел да се избегнат погрешни толкувања на чувствителните историски теми и да се почитуваат сите жртви од 20 век. 

Можете да прочитате

Во Ирак очекувања дека за месец до два целосно ќе биде нормализирано производството на нафта

Tоварен воз падна од мост во Минхен

Европа под топлотен бран, температурите се искачуваат до 41 степен