Утрински Весник
Македонија

Десет лица повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

20260620113100 big 730x400 35.webp.webp

Десет лица се повредени во сообраќајната несреќа меѓу комбе и камион што синоќа се случила на регионалниот пат Куманово – Свети Николе.

Од Клиничката болница во Штип за МИА изјавија дека осум од повредените се задржани на Одделот за хирургија, а две лица се пренесени на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Дел од повредените се со полесни, а дел со потешки повреди.  


Од Противпожарната бригада во Свети Николе информираат дека пожарникари вчеравечер околу 21 часот извлекувале повредени од возилата, по што тие биле преземени од Итната медицинска помош.

Се очекуваат официјални информации и од Министерството за внатрешни работи. 

Можете да прочитате

Повреден пожарникар при гаснење пожар во Визбегово

Николоски: Одличен напредок во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани

Пронајден 19 годишникот кој вчера прегази 3 годишно девојче во Визбегово и избега