Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче чека странска рака да го направи премиер, не македонскиот народ

Vmro.webp.webp

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Филипче со месеци испраќа сигнали и пораки во јавноста дека е подготвен на нова национална отстапка, што е уште една потврда дека СДС  и Филипче, би направилe се за да дојде на власт.


Филипче размислува исто како Заев,  да потпише се што ќе му биде ставено на маса. Токму тие бланко-листови што ги потпишуваа додека беа на власт ја доведоа Македонија во позицијата во која се наоѓа денес.

За Филипче не постои ниту една црвена линија, ниту за јазикот, ниту за идентитетот, ниту за кое било друго национално прашање. Со месеци му се додворуваше на Румен Радев, а без двоумење би потпишал и уставни измени со кои Бугарите би биле внесени во Уставот.

Иако тој тврди, дека македонскиот идентитет не е загрозен од бугарските ултиматуми, официјалните бугарски ставови се дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, дека Македонија и Бугарија имаат заедничка историја и дека македонските револуционери кои се бореле за независна Македонија биле Бугари. 

Оттука е јасно дека на Филипче не му претставува проблем македонските револуционери да бидат прогласени за Бугари, затоа што очигледно нема ништо заедничко со нивните идеали и се залага за обезличена Македонија.

СДС дојде на власт со ветувања за европско здравство и економски просперитет, но ниту едно од тие ветувања не беше исполнето. Наместо тоа, додека беа на власт се луксузираа на грбот на народот.

 Тесниот круг околу СДС ги полнеше сопствените џебови, додека државата беше оставена да пропаѓа.

Можете да прочитате

Јатрви се тепале во гостиварско село

До 1 јули нема да сообраќаат возови од Скопје до Велес, Битола и Гевгелија

Возило запалено во Маџари, го запалило лице со фантомка