Утрински Весник
Македонија

Министерот Хоџа и новиот директор на ГИЗ Делфс, го потврдија партнерството во животната средина

1 67.jpg

Скопје, 19 јуни 2026 година Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се сретна со заменик-амбасадорот на Германија во Република Северна Македонија, Јан Аксел Вос, досегашниот директор на ГИЗ, Давид Оберхубер, и новиот директор на Германската агенција за меѓународна соработка (ГИЗ) за Северна Македонија и Косово, Маркус Делфс.

На средбата, министерот Хоџа се заблагодари за континуираната поддршка што ГИЗ ѝ ја обезбедува на Северна Македонија во спроведувањето на реформите и проектите во областа на животната средина.


Партнерството со германските институции е значаен придонес за заштита на природните ресурси и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, истакна министерот Хоџа.

На средбата беа разгледани тековните проекти што се реализираат со поддршка на ГИЗ, како и можностите за проширување на соработката во областа на заштитата на животната средина.

Соработката на одржливото управување со отпад, циркуларната економија, справувањето со климатските промени и унапредувањето на европската агенда, е од суштинско значење за Министерството за животна средина и просторно планирање.

Од своја страна, Маркус Делфс ја реафирмираше посветеноста на ГИЗ за поддршка на стратешките приоритети на Министерството и за натамошно зајакнување на соработката во проектите што придонесуваат за одржлив развој и зелена транзиција.

Соговорниците ги оценија досегашните резултати од соработката како успешни и изразија подготвеност за интензивирање на заедничките активности во наредниот период.

Можете да прочитате

Промовирана иницијативата за зачувување, обновување и одржлив развој на Галичник

30 дневен притвор за Илчо Горѓиоски, пет лица во бегство

Кривична пријава против директор на детска градинка во Штип, го оштетил буџетот за над 120.000 евра