Утрински Весник
Македонија

Македонска државјанка почина на плажа во Халкидики

Grcija plazha 3.jpg

75-годишна државјанка на Република Северна Македонија го загуби животот откако беше извлечена од морето кај Неа Каликратија, на Халкидики.

Според информациите од грчките власти, трагичниот настан се случил во попладневните часови на 17 јуни 2026 година во морската област кај Неа Каликратија, во општина Неа Пропонтида.


Крајбрежната управа во Неа Муданија била известена дека жената била извлечена од морето без знаци на живот. На местото интервенирала екипа на итната медицинска помош, по што таа со амбулантно возило била пренесена во Здравствениот центар во Неа Муданија.

Лекарите во здравствената установа ја констатирале смртта на 75-годишната македонска државјанка.

По наредба на надлежните органи, ќе биде извршена обдукција во Институтот за судска медицина во Солун, со цел да се утврди точната причина за смртта.

Крајбрежната управа во Неа Муданија спроведува предистражна постапка за целосно расчистување на околностите под кои се случил трагичниот настан.

Можете да прочитате

Драма во поликлиниката „Букурешт“: Доктор нападнат додека прегледувал пациентки, му скршиле вратен пршлен

Андоновски: Националниот дата центар ќе се гради до крајот на мандатот на Владата

Мицкоски од Њујорк: Со САД градиме партнерство засновано на доверба, почит и конкретни резултати