Утрински Весник
Македонија

Ордановски: Наместо да избираме власт, на избори само казнуваме!

Screenshot 2026 06 18 155925.jpg

Политичкиот аналитичар Сашо Ордановски во гостувањето во емисијата „Ноќно Студио“ на 4ТВ смета дека Македонија веќе подолг период се соочува со сериозен пад на граѓанската енергија и мотивацијата за активно учество во општествените процеси, што, според него, се гледа и преку значително помалата масовност на протестите во споредба со минатото.

Ордановски оцени дека денес е сe потешко да се мобилизираат граѓаните, дури и кога постои незадоволство од состојбите во државата, вклучително и во правосудството и другите институции.


Според него, Македонија никогаш не била земја препознатлива по силен граѓански активизам, а единствен исклучок била Шарената револуција, која ја оцени како автентичен граѓански порив што подоцна добил и политичка поддршка.

„Таа фаза е завршена и ќе треба да помине време за да се појави нова генерација што ќе создаде слична енергија“, смета Ордановски.

Тој посочи дека неговото долгогодишно искуство како универзитетски предавач му покажува оти денешните студенти сè почесто размислуваат како да ја напуштат државата, наместо да ја градат својата иднина во неа.

„Тоа зборува дека желбата да се остане, да се учествува, да се придонесе и да се промени нешто е многу ниска“, нагласи Ордановски.

Во освртот на политичките процеси, тој оцени дека кај гласачите сè повеќе преовладува логиката на казнување на актуелната власт, наместо избор на политичка опција врз основа на визија и програма.

„Се навикнавме изборните процеси повеќе да служат за казнување отколку за вистински избор на власт“, заклучи Ордановски.

Можете да прочитате

Автомобил во движење се запалил во близина на ГП Ќафасан

СДСМ: Нов скандал во Владата на Мицкоски – Јанушев со фирма во Бугарија?

Уапсени две лица во Скопје – во возило пронајдени околу 90 пратки стока без соодветна документација, возачот управувал без возачка дозвола