Утрински Весник
Македонија

Приведен возачот кој на автопатот Охрид – Кичево со возило удри и тешко повреди работник од Кина

Avtopat Kicevo Ohrid 2.jpg

На 15.06.2026 во 07:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на автопатот во изградба Охрид – Кичево, кај с.Оровник, општина Дебарца, К.Ш.(32) од с.Корошишта, струшко, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во шахта, а потоа во Л.Ј.(46) од Народна Република Кина, со престој во с.Извор, кој извршувал работни задачи на автопатот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Л.Ј., додека со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ Охрид.


По наредба на јавен обвинител, возачот К.Ш. е лишен од слобода, а увид извршила увидна екипа на СВР Охрид. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Можете да прочитате

Сузбиена криминална група за криумчарење стоки, поднесена кривична пријава против осум лица, одземени над 100.000 евра, лекови, суплементи и други предмети

Во Тетово уапсени две лица за посредување при вршење проституција

Мисајловски на состанок на Централноевропската одбранбена соработка: македонскиот придонес кон колективната безбедност и сигурноста на регионот и инвестициите во одбраната се реалност