Утрински Весник
Македонија

Уапсен 18-годишник по предизвикан хаос од Василево до Богданци

Whatsapp image 2026 04 09 at 15.02.37.jpeg

Ноќеска (14.06.2026) во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.И.(18) од село Василево, струмичко.

Тој управувајќи патничко возило „мерцедес” со струмички регистарски ознаки, не застанал на даден знак за запирање од полициски патроли и продолжил да се движи со возилото со голем брзина.


Во Богданци го запрел возилото и побегнал, а откако бил стигнат физички ги нападнал полициски службеници.

Лицето е задржано во полициската станица Гевгелија и за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол