Утрински Весник
Свет

Куба најави економски реформи по модел на Кина и Виетнам

Kuba.webp.webp

Куба објави планови за реформа на својата економија по примерот на социјалистичките пазарни економии на Кина и Виетнам, при што претседателот Мигел Дијаз-Канел изјави дека планираното отворање ќе овозможи поголемо учество на приватниот сектор на местото на силно државно контролираната планска економија.

Реформата сè уште треба да биде одобрена од Политбирото на Комунистичката партија и од Националното собрание на Куба, пренесе ДПА.


– Предложените мерки ќе овозможат решавање на долгогодишните противречности меѓу централното планирање и поттикнувањата – изјави Дијаз-Канел.

Тој рече дека се планирани и измени во земјоделскиот сектор, како и реструктурирање на државниот апарат.

Покрај тоа, некои економски активности кои претходно беа забранети за приватните бизниси во иднина ќе бидат дозволени, но не соопшти дополнителни детали.

Владата на САД го зголеми економскиот притисок врз Куба во изминатите месеци преку серија санкции, со цел да изнуди политички и економски реформи на островот. Односите меѓу Вашингтон и Хавана се затегнати уште од револуцијата во 1959 година предводена од Фидел Кастро.

Можете да прочитате

Русија издаде меѓународна потерница по основачот на Телеграм

Отворена истрага откако иранска телевизија објави видео со упатства како да се убие Меланија Трамп

Собјанин: Москва ноќеска беше нападната со повеќе од 390 дронови