Утрински Весник
Македонија

Рибокрадци фатени на Дебарско езеро

Debarsko1.jpg

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против В.Д.(47) и Н.Д.(51), двајцата од село Голем Папрадник, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов”.

При контрола извршена на 20.05.2026, полициски службеници ги затекнале пријавените како со забранети средства – мрежи за подводен риболов т.е. со поставување на рибарска мрежа во должина од околу 30 триесет метри во дебарското езеро, вршеле незаконит риболов. Мрежите и незаконски уловената риба беа одземени.


Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол