Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Поддршката за бизнисите, мотор на економскиот раст и создавањето на нови работни места

Vredi vlen.jpg

Соопштение за јавност на ВЛЕН:

ВЛЕН продолжува да докажува дека економскиот развој не се гради со ветувања, туку со конкретни политики кои ги поддржуваат бизнисите, инвестициите и отворањето на нови работни места.


Во оваа насока, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, упати повик до сите компании кои ги исполнуваат условите од Законот за финансиска поддршка на инвестиции да аплицираат навремено и да ја искористат поддршката што ја обезбедува државата.

Овој закон им овозможува на компаниите финансиска поддршка за инвестиции во нови производствени капацитети, опрема и модерни технологии, за отворање на нови работни места, како и за проекти во областа на истражување и развој. Овие мерки имаат за цел да ја зајакнат конкурентноста на компаниите и да создадат поцврста и подинамична економија.

ВЛЕН верува дека економскиот развој доаѓа од поддршката на претприемништвото, семејните бизниси и младите иноватори. Приоритет остануваат инвестициите, намалувањето на административните бариери и создавањето услови Албанците да ја градат својата иднина во државата.

Поддршката на приватниот сектор не е само економска политика, туку и инвестиција во благосостојбата на граѓаните и долгорочниот развој на државата. Затоа, ВЛЕН ќе продолжи да ги поддржува сите политики што поттикнуваат иновации, продуктивност и создавање на квалитетни работни места.

Можете да прочитате

Уапсен пироман во штипско, затекнат е како потпалува сува трева

Не сакаме ни да помислиме што можеше да се случи – сведоштво на станари по утринскиот пожар во Кисела Вода

Наумоски: Воведуваме ветинг за сите избрани и именувани функционери