Утрински Весник
Македонија

Дамевски: Бараме навремена исплата на субвенции и редовна комуникација со земјоделците во Пелагонија

Ilche damevski sovetnik vo sovet na opshtina mogila.jpg

„Пелагонија отсекогаш важела за главна житница на Македонија, а Општина Могила е срцето и столбот на истата. Никогаш не било вака, на средината на месец јуни да нема сѐ уште субвенции за тутун. Оваа година и намалени, ги нема”, вели во изјава за медиумите советникот во Советот на Општина Могила од ЛДП, Илче Дамевски.

Особено загрижува фактот дека од година в година тутунопроизводителите се соочуваат со растечки трошоци, неизвесни услови за производство и доцнење на мерките кои што треба да им помогнат.


„Либерално-демократската партија не се согласува со тоа дека земјоделците треба да се стрпат затоа што тоа се планирани и заработени пари. ЛДП бара само навремена исплата и редовна и навремена комуникација со земјоделците”, вели Дамевски во својата изјава.

„Грижата за земјоделците се покажува со конкретни политики, а не со зборови и скапо платени спотови. На земјоделците им е потребен сигурен партнер, а не празни зборови. За ЛДП, граѓаните и нивниот труд секогаш се на прво место затоа што значат силна економија и подобар живот за сите”, заклучува Дамевски.

Можете да прочитате

Кривична пријава за сопственик на фирма, го оштетил буџетот за над 60.000 евра

Средба на министерот Муцунски со шпанскиот државен секретар за ЕУ, Фернандо Мариано Сампедро Маркос

Левица: Сомнежи за еколошки криминал во Долни Балван – фекалии се испуштаат во Брегалница?