Утрински Весник
Македонија

Законот за игри на среќа се носи шверцерски без дебата за туѓи профити и монополи

Asomo 17.jpg

Дали новиот Предлог-закон за игрите на среќа се носи за да се заштитат граѓаните или за да се задоволат нечии скриени, приватни и монополски интереси? Ова прашање денеска јавно се отвори пред Собранието, каде Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа во автомат клубови и казина (АПИС), заедно со илјадници вработени, одржаа протестна прес-конференција во паркот „Жена Борец“. Поводот е итното ставање на ова штетно законско решение на дневен ред на денешната 104-та собраниска седница.

Претставниците на легалната индустрија обвинија за тотален институционален молк и целосно игнорирање на нивните барања, што отвора сериозен сомнеж дека законот се турка насила за да се воведе државен монопол на штета на приватниот сектор и буџетот.


Од АСОМ и АПИС потенцираа дека секторот никогаш не бил против регулација, но институциите досега покажале тотален игнорантски однос за каква било соработка. Сите нивни предлози при подготовка на закон по европски стандарди, како и постојаните повици за средби и јавен дијалог за уредување на дејноста, биле брутално одбиени и премолчени од страна на креаторите на политиките.

Претседателот на АСОМ, Васко Илијевски, потсети дека тие понудиле конкретни и издржани решенија базирани на три столба, кои власта свесно ги прескокнала:

  1. Поригорозни казни за непочитување на забраната за влез на малолетници;
  2. Либерализација на онлајн пазарот за легалните приредувачи, наместо воведување државен монопол, со што државата би имала апсолутна контрола врз играта;
  3. Вложување сопствени финансиски и човечки ресурси за развој на национални едукативни кампањи во соработка со институциите.

Наместо да ги прифати овие европски решенија кои гарантираат безбедност и контрола, државата се одлучи за деструктивен закон со кој свесно води една целосно легална дејност до банкрот.

Можете да прочитате

Мицкоски: Остануваме на проекцијата за економски раст од над 3,5 проценти 

Акциска сообраќајна контрола во Сарај и Ѓорче Петров, изречени 156 казни

ВЛЕН: Пратеничката на ДУИ го разоткри лицемерието на Али Ахмети