Утрински Весник
Македонија

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

2 1.jpg

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска 10 Јуни 2026 година започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец мај 2026 година.

Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.


Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките.

Можете да прочитате

Постапка против 39-годишен маж од Черкези, во пораки преку социјални мрежи му се заканувал на Мицкоски

Производителите на пиперки денеска го блокираат патот Прилеп – Битола

Угинати риби во реката Треска, се бараат итни анализи на водата