Утрински Весник
Македонија

Уапсени двајца скопјани на Долно Блаце, осомничени за кражба на „голф“

Dolno blacze.webp.webp

На 10.06.2026 во 00:10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода Т.Е.(45) и Р.Ф.(39), двајцата од Скопје, затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека евидираат со мерка апси по барање на ЕВР Чаир поради сомнение за сторено кривично дело „одземање моторно возило“ по член 242 од Кривичниот законик.

По преземени мерки и активности дојдено е до сознание дека на 07.06.2026 околу 00:45 часот на улица „Јадранска магистрала“ одзеле патничко возило „фолскваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.Б.(24) од с.Арачиново, скопско.


Тие се спроведени во Полициската станица Чаир и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Државата воведува ред и двојно профитира од рудниците – колкав буџетски прилив ќе има од инвестициите како „Иловица“? 

Велешанец затекнат при обид да изврши кражба во црква

Левица бара повлекување на законите за дата-центри: „Огромна потрошувачка на струја, а мала корист за граѓаните”