Утрински Весник
Свет

Бројот загинати во земјотресот на Филипините се искачи на 45

20260610073505 big 730x400 57.webp.webp

Бројот загинати во силниот земјотрес што го потресе јужниот дел на Филипините се искачи на 45 лица, 630 се повредени, а 17 се водат како исчезнати, соопшти денеска претставник на Националната агенција за цивилна заштита.

Најмногу од новопријавените жртви се од провинцијата Давао Оксидентал, каде шест лица загинале во свлечиште, а две починале откако врз нив паднале делови од урнати објекти, изјави заменик-директорот на Канцеларијата за цивилна одбрана, Бернардо Рафаелито Алехандро.


Во провинцијата Сарангани каде беше епицентарот на земјотресот од понеделникот со јачина од 7,8 степени, се регистрирани 18 жртви, додека 15 лица загинале во соседната провинција Јужен Котабато, вклучително и во градот Џенерал Сантос. Една жртва е пријавена и во провинцијата Давао дел Сур.

Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија соопшти дека од најсилниот земјотрес досега се регистрирани повеќе од 2.200 последователни потреси.

Земјотресот се случи на првиот училишен ден во годината, а со последиците од земјотресот се засегнати повеќе од 3,2 милиони ученици. Наставата е откажана во над 6.200 училишта, додека траат безбедносни проверки на школските објекти.

Според Алехандро, оштетени или целосно уништени се повеќе од три илјади куќи, а оштетувања претрпеле и патишта и мостови. Меѓународниот аеродром во Џенерал Сантос што претрпе инфраструктурни оштетувања во земјотресот, од вчера повторно е отворен за хуманитарни и службени летови.

Државните служби и приватните спасувачки тимови продолжуваат со потрагите, спасувачките активности и санирањето на последиците во погодените подрачја.

Можете да прочитате

Иран ги нападна Јордан, Кувајт и Бахреин

Украина изврши нови напади врз Москва и повеќе руски региони

Израел се заканува со нов напад врз Иран