Утрински Весник
Скопје

Дел од општина Центар и неколку скопски села без струја, а дел од општина Карпош без вода

Struja.webp.webp

Дел од корисниците од улиците „Наум Наумовски Борче“ и „Ленинова“ (Аминта III) во општина Центар, како и кафулињата „Кала“, „Ателје“, „Адмирал“ и останати објекти денеска од 8:30 до 15:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Во период од 9:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од селото Долно Соње лоцирани на улиците „6“, „8“ и „12“, а од 9:00 до 15:00 часот и дел од крисниците од селата Мирковци и Горно Оризари.


Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снбдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.

Поради дефект на водоводна цевка со пречник од 100 милиметри на крстосницата меѓу улиците  „Милан Марковиќ“ и „Брадфордска“ денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Милан Марковиќ“, „Крчин“, „Пијанец“, „Копачка“, „Илија Павлев“, „Стрезово“ и дел од улиците „Леринска“ и „Братфордска“ во општина Карпош.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:00 часот до завршување на работните активности.

Можете да прочитате

Утре авионска дезинсекција против ларви од комарци

Герасимовски: Осум нови практиканти започнаа платена пракса во Општина Центар со месечен надоместок од 15.000 денари

Бесплатна полуматурска забава за деветтоодделенците од Кисела Вода под мотото „Спремни за средно!“