Утрински Весник
Свет

Израел и Иран повторно се нападнаа меѓу себе

Iranraketa.webp.webp

Израел и Иран повторно разменија напади, што е најсериозната ескалација од априлското примирје. Израел тврди дека погодил воени цели во западен и централен Иран откако пресретнал ирански ракети, додека Иран вели дека се одмаздува на израелските напади врз Бејрут.

Израелската војска објави дека нејзините воздухопловни сили нападнале неколку цели во петрохемиски комплекс во Иран. Се наведува дека објектот се наоѓал во Махшахр, во југозападен Иран.


Израелската војска ги погоди иранските локации за лансирање ракети земја-земја и инфраструктурата што не се поврзани со енергетскиот сектор, изјави израелскиот амбасадор во САД, Јехиел Лајтер, откако Иран испали балистички ракети кон Израел.

„Ниту една земја во светот што се почитува себеси не би толерирала таков напад, а ниту Израел“, напиша Лајтер на X.

Претходно, Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека вршат напади врз, како што ги опишаа, воени цели во централен и западен Иран. Експлозии беа пријавени во неколку ирански градови.

Иран врати со напади а новинар од агенцијата Франс Прес извести дека слушнал експлозија над Ерусалим.

Иранската револуционерна гарда (ИРГК) објави дека пред неколку минути извршила напади врз израелските воздухопловни бази Неватим и Тел Ноф.

Таа изјави дека нападите биле одговор на израелските напади врз неколку радарски локации во Иран.

Можете да прочитате

Најмалку 15 загинати во земјотресот на Филипини

Силен земјотрес ги погоди Филипини, издадено е предупредување за цунами

Папата пред повеќе од милион луѓе на миса во Мадрид ги повика младите да пронајдат вера