Утрински Весник
Македонија

Левица ја одржа 30та сесија на Централниот комитет

Kw4a9108.jpg

Соопштение за јавност на Левица:

Политичката партија Левица вера ја одржа својата 30-та редовна сесија на Централниот комитет, на која се дискутираше за актуелната општествено-политичка состојба, во услови кога ДПМНЕ има воведено комплетна десничарска, регресивна и деструктивна политика на централно и на локално ниво.


Пред сè поизвесните предвремени парламентарни избори, Левица настапува како единствена опозициска парламентарна партија која има моќ и знаење да ги обедини сите прогресивни сили во општеството кои сакаат Македонија да биде вистински дом за сите нејзини жители, а не да биде „бизнис рај” за привилегирана шака моќници кои кокетираат со секоја власт.

Левица останува доследна на своите политички принципи, со автентичен пристап и радикални ставови, бескомпромисно и без премолчување на неправдата, посветена на сериозна идеолошка борба за создавање подобро општество.

Можете да прочитате

Студентарија реагира: Повторно стотици студенти неосновано го изгубија правото на субвенциониран студентски оброк

Почина политичкиот аналитичар Арсим Зеколи

Изложба на 30 уметници во Македонскиот културен центар во Тирана