Утрински Весник
Македонија

Левица: Во израелската агресија врз Либан гинат мировници на ОН – молкот на македонската Влада е соучесништво

Levicza 2.jpg

Соопштение за јавност на Левица:

Политичката партија Левица најостро го осудува нападот на ционистичката армија врз базата на мировната мисија на Обединетите нации во Либан, при кој животот го загуби српскиот мировник Милован Јовановиќ, а беа повредени и други припадници на меѓународните сили. Нападите врз мировни мисии и персонал ангажиран под мандат на Обединетите нации претставуваат сериозно загрозување на меѓународната безбедност и директен удар врз напорите за зачувување на мирот на Блискиот исток што влијане на стабилноста на целиот свет. 


Во овие тешки моменти, Левица упатува искрено сочувство до семејството на загинатиот Милован Јовановиќ и до пријателскиот српски народ. Имено, во рамките на мисијата УНИФИЛ се ангажирани и припадници на Армијата на Република Македонија, што значи дека непосредно се загрозени и животите на македонските мировници кои својата служба ја извршуваат под знамето на Обединетите нации.

Шокира и фактот што во екот на ционистичкиот терор во Либан, непрестано се вршат напади и врз мировната мисија на Обединетите нации и врз персонал кој има задача да придонесува за зачувување на мирот и безбедноста, и тоа без осуда или последици по Израел, првенствено благодарение на заштитата и спонзорирањето од страна на некои од големите сили. Недозволиво е меѓународните мировни сили да бидат доведени во ситуација да бидат колатерални жртви на воена агресија врз суверени држави. Методите кои злосторничката израелска војска ги применува во Либан потсетуваат на практики кои меѓународната јавност веќе ги има видено во геноцидот и разорувањето на Газа – атмосфера на постојан страв и несигурност, уништување на цели населени места заедно со цивилната инфраструктура и намерни напади и изгладнување со цел истребување на популацијата.

Оттука, Левица бара Министерството за надворешни работи и Владата на Република Македонија итно да излезат со јасна и недвосмислена осуда на нападот врз мировната мисија на ОН во Либан. Дополнително, неопходно е до Амбасадата на Израел во Скопје да се упати официјален дипломатски протест поради загрозувањето на безбедноста на мировниците, меѓу кои се наоѓаат и македонски државјани ангажирани во меѓународна мисија под мандат на Обединетите нации.

Левица останува доследен противник на политиките кои доведуваат до масовни цивилни страдања, регионална дестабилизација и кршење на меѓународното право. Владата на Бенјамин Нетањаху, инаку верен сојузник на актуелната вмровска гарнитура, сноси апсолутна одговорност за предизвикување конфликти на Блискиот исток и за создавање услови во кои страдаат цивили и мировници од различни националности. Како политички субјект кој се залага за меѓународна солидарност и еднаквост меѓу народите, Левица ќе продолжи да ги поддржува сите напори за мирно решавање на споровите, почитување на меѓународното право и градење односи засновани врз соработка, пријателство и заемно почитување меѓу народите ширум светот.

Можете да прочитате

Професор во средно училиште во Кичево натепал ученичка

Николоски: Набавуваме нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената низ општините

Маж и жена прегазени на дивиот премин кај Бит Пазар