Утрински Весник
Македонија

Хоџа  на Министерска конференција на Процесот за соработка во ЈИЕ – Заеднички пристап кон климатските предизвици 

Image 2026 06 04 123355405.png

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес присуствуваше на Министерската конференција во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (SEECP), што се одржа во Софија, Република Бугарија.

Конференцијата беше посветена на зајакнување на регионалната соработка во областа на климатските политики, заштитата на животната средина и одржливиот развој. На настанот учествуваа високи претставници од земјите од регионот, како и  Џесика Росвал, еврокомесарка за животна средина, отпорност на водните ресурси и конкурентна циркуларна економија.


Во рамки на конференцијата беа разменети ставови за унапредување на регионалната соработка, спроведување на зелената агенда и забрзување на процесите на усогласување со европските стандарди во областа на животната средина и климатските политики.

Можете да прочитате

МЗ: Инициран вонреден инспекциски надзор за третманот што го добила медицинската сестра Љубица Шавреска која го загуби плодот

Работна средба со Судскиот совет за актуелните состојби и реформите во правосудството

Мицкоски: Остануваме посветени на изградба на дата центри, светот оди во таа насока и процесот е неповратен