Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Кошта јасно кажа – уставните измени се единствениот пат, Мицкоски ги лажеше граѓаните

Sdsm1.jpeg

Соопштение на СДСМ:

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, директно му порача на Христијан Мицкоски дека уставните измени се единствениот начин за формално започнување на пристапните преговорите со ЕУ.


„Ништо повеќе”.

Еве уште еден јасен доказ за она што СДСМ го повторува месеци наназад.

Мицкоски повеќе не смее да им ги мачка очите на граѓаните.

ЕУ нема никакви дополнителни услови, нема ниту дополнителни гаранции.

Има само еден услов – уставни измени, внесување на малцинствата во Уставот.

Сè друго беше лага и одвлекување на вниманието.

Распишете референдум веднаш!

Граѓаните сами нека одлучат дали сакаат европска иднина или изолација и криминал.

Реформи сега.

Малцинства во Уставот сега.

Европа сега.

Можете да прочитате

СДСМ: За масовното труење во Гостивар мора да има оставки, политичка и кривична одговорност

Денеска сончево време со повремен ветер

Македонски возач во притвор по несреќа со Брза помош во Србија