Утрински Весник
Економија

Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки

20260602143807 big 730x400 10.webp.webp

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се стабилни и дека засега нема потреба од мерки. Доколку кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе бидат воведени мерки со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните.

– Од 55 најпродавани производи, растот е минимален и изнесува само 0,43 проценти така што цените се стабилни. Ако забележиме девијантно однесување како што сме постапиле порано, така ќе постапиме и сега. Значи, за 0,43 проценти се зголемени цените што покажува дека имаме стабилни цени, рече Дурмиши одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата на која беше презентиран Оперативниот план за вработување за 2026 година.

Вели дека ако кризата продолжи и има енормно зголемување на цените, тогаш ќе се воведат мерки, а една од опциите е намалување на ДДВ-то.

Во однос на инфлацијата, Дуршими вели дека имаме пониска инфлација од други држави и дека мерките што се преземени досега, даваат резултати. До крајот на неделава очекува Државниот завод за статистика да излезе со нови информации околу инфлацијата.

Можете да прочитате

Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 58. сесија на Клубот на истражувачите

Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра