Утрински Весник
Македонија

Отворен Центар за третман на дебелина кај децата на Детската клиника

20260601140057 big 730x400 25.webp.webp

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за детски болести каде е отворен Центар за менаџирање и третман на обезност, односно дебелина кај децата. Потребата од ваков специјализиран центар е резултат на податоците од Институтот за јавно здравје и Клиниката за детски болести, според кои над 30% од децата на возраст од 6 до 9 години во Македонија се со зголемена телесна тежина, а речиси 14% од нив се соочуваат со екстремна дебелина.

– Отворањето на овој центар претставува исклучително важен и долгоочекуван чекор во нашиот здравствен систем. Детската дебелина не е само естетски или нутриционистички проблем, туку комплексна состојба која бара ран и мултидисциплинарен пристап. Затоа овој центар овозможува тим од педијатри-ендокринолози, нутриционисти, психолози и физијатри заеднички да работат со децата и со нивните семејства. Како и кај останатите центри за менаџирање со дебелина во државата, пристапот до услугите се одвива преку системот „Мој Термин“. Матичниот лекар или матичниот педијатар прво ја евидентира состојбата и доколку има потреба од специјалистички третман, издава упат директно за Одделот за ендокринологија со молекуларно-генетска дијагностика, во чиј состав е и Центарот на Детската клиника. Таму се спроведуваат детални молекуларно-генетски, хормонални и метаболички испитувања за да се утврди точната причина за обезноста и да се одреди индивидуален план за лекување, појаснува министерот Алиу.

Навремениот третман на дебелината кај децата спречува појава на сериозни здравствени проблеми во тинејџерските години и во подоцнежна возраст, како што се дијабетес тип 2, кој сè почесто се јавува кај децата, кардиоваскуларни нарушувања и висок крвен притисок, ортопедски проблеми, односно деформации на зглобовите и колената, како и психолошки проблеми, социјална изолација и стигматизација.

Можете да прочитате

Средношколци со социјален танц-театар пред Собранието повикаа на поголема заштита од врсничко насилство

Седум и пол години затвор за Вангелица Илијевска од Кратово по преквалификација на делото во „убиство на миг“

Кривична за штипјанец, аплицирал за онлајн кредит со личната карта на татко му