Утрински Весник
Свет

Нетанјаху нареди напади врз предградијата на Бејрут, Аун ја осудува „злобната израелска агресија“

Glhwn Netanjahu6 1 .jpg

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на израелската армија да ги нападне позициите на либанската милитантна група Хезболах во предградијата на либанскиот главен град Бејрут.

„Како одговор на повторените и континуирани прекршувања на прекинот на огнот во Либан од страна на терористичката организација Хезболах и нападите врз нашите градови и граѓани, заедно со министерот за одбрана Израел Кац, им наредив на Израелските одбранбени сили да нападнат терористички цели во областа Дахија, во Бејрут“, наведе Нетанјаху во објава на Икс.


Во меѓувреме, либанскиот претседател Џозеф Аун рече дека неговата земја се соочува со „злобна израелска агресија достојна за осуда“ откако Израел ја засили својата офанзива против Хезболах со освојувањето на средновековниот замок Бофорт, објави весникот Гардијан.

Во објава на Икс  Аун наведе дека „ќе работи на тоа да се стави крај на страдањето на либанскиот народ, особено на луѓето на југот од земјата“.

Можете да прочитате

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги демантира информациите за негова оставка

Багеи: ЕУ е лицемерна кога го обвинува Иран за правото на самоодбрана од американската агресија

Најмалку две лица повредени при експлозија во фабрика за пиротехника на Малта