Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да има уставни измени без гаранции

Vmro.webp.webp

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Венко филипче, исто како и Заев во своето време, се обидува да ги убеди граѓаните дека уставните измени без гаранции се прифатливи и дека нема причина за загриженост.


Заев користеше идентична реторика кога ги промовираше измените поврзани со името на државата, тврдејќи дека тоа е последниот чекор кон членството во ЕУ.

Наместо ветениот напредок од страна на СДС, Македонија се соочи со нови блокади, нови вета и дополнителни условувања од Франција и Бугарија.

Филипче нема прецизни ставови за тоа како би се спречиле идни блокади и вета, ниту како би се обезбедила сигурност дека државата нема повторно да се соочи со нови блокади. 

Уставните измени за промена на името беа последните што ги спроведоа СДС и ДУИ, а денес Филипче се обидува да го наметне истото сценарио.

Членството во ЕУ останува стратешка цел, но тоа не смее да биде оправдување за прифаќање нови отстапки без јасен исход и без заштита на националните интереси.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи повторно СДС и Венко Филипче да ја газат волјата на граѓаните. Националните интереси мора да бидат заштитени и секој следен чекор на евроинтегративниот пат треба да биде заснован на јасни гаранции.

Наместо да извлече поука од претходните искуства, Филипче денес ги повторува истите аргументи и ја застапува истата политика на СДС на отстапки без гаранции.Тој работи на исполнување на туѓи агенди и се додворува на Бугарија за да дојде на власт, вели дека веднаш би ги спровел уставните измени.

 Македонија заслужува достоинствен европски пат без нови условувања и отстапки. Граѓаните заслужуваат одговорна политика која ќе ги брани државните позиции и ќе обезбеди сигурна иднина.

А СДС ја доведе земјата во ситуација да го промени државното име, тоа што го ветуваа за влез во ЕУ не се случи, и само ја доведоа Македонија да биде мета на идни билатерални спорови, да биде ветоизирана и во позиција на блокирана преговарачка рамка.

Можете да прочитате

Снег заврна на Попова Шапка

Двајца малолетници тешко повредени по пад од мотоцикл

Тешко повреден работник од Индија кој работел на автопатот Кичево – Охрид