Утрински Весник
Свет

Спасувачите во Лаос извлекоа четворица преживеани мажи од поплавена пештера

20260530121831 big 730x400 64.webp.webp

Четворица мажи кои десет дена беа заглавени во поплавена пештера во централен Лаос денеска беа успешно евакуирани, соопштија тајландските спасувачи. Операцијата за спасување е успешно завршена еден ден откако беше евакуиран првиот од петте заробени мажи.

Групата од осум селани првично влегла во пештерата во потрага по злато, но била заробена поради ненадејни поплави. Еден од нив успеал да излезе и да побара помош, по што започнала спасувачката операција.


Спасувачките екипи сега ги насочуваат напорите кон пронаоѓање на уште двајца исчезнати селани. Потрагата се одвива во подлабоките делови на пештерата, на околу 20 до 25 метри од местото каде што беа откриени преживеаните, иако тој дел во моментов е целосно под вода.

Во спасувачката операција учествуваат специјалисти за пештерско нуркање од повеќе земји, меѓу кои Јапонија, Франција, Австралија, Малезија и Индонезија. Дел од нив имаат искуство и од познатата акција за спасување деца од пештерата Тхам Луанг во Тајланд во 2018 година

Можете да прочитате

Путин ја предупреди Ерменија за „украинското сценарио“

Хегсет: САД, Велика Британија и Австралија развиваат беспилотни подводни возила

Ванг Ји: Продолжува билатералната соработка меѓу Кина и Канада