Утрински Весник
Свет

Аеродромот во Минхен затворен еден час поради пријавени нарушувања од пилоти, за кои имало сомнеж дека се предизвикани од дрон

20260530114622 big 730x400 82.webp.webp

Аеродромот во Минхен повеќе од еден час изутрината беше целосно затворен поради нарушувања кои пилоти ги пријавија за време на лет, а за кои имало сомневање дека биле предизвикани од дрон, пренесуваат германските медиуми.

Аеродромот беше целосно надвор од функција од 9 часот, пренесува „Билд“.


Како што потврди федералната полиција, сообраќајот беше прекинат на двете писти за полетување и слетување.

Портпаролот на федералната полиција, Стефан Бајер изјави за германскиот весник дека во близина на аеродромот е забележан потенцијално неовластен летачки објект и дека е наведено дека може да станува збор за дрон.

Голем број полицајци беа присутни на местото на настанот, а беше распореден и хеликоптер за да провери за евентуално присуство на дрон. Околу 10:05 часот беше објавено дека полицијата не открила ништо сомнително, изјави портпаролот за „Билд“. 

Можете да прочитате

Ванг Ји: Продолжува билатералната соработка меѓу Кина и Канада

Спасувачите во Лаос извлекоа четворица преживеани мажи од поплавена пештера

Израелската армија издаде предупредување за евакуација на седум села во јужен Либан