Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Блерим Беџети си замина, Аднан Јашари дојде, правосудниот испит остана заглавен

Vlen.webp.webp

Соопштение на ВЛЕН:

ДУИ мисли дека срамот може да се покрие со врева. Но правосудниот испит не се решава со викање и лаги. Се решава со работа. А работата тие ја имаа во свои раце со години, но не ја завршија.


Министерството за правда премина од еден кадар на ДУИ кај друг. По Блерим Беџети, кој беше министер повеќе од 1000 дена, дојде Аднан Јашари. Имаше мандат, имаше надлежности, имаше печат. Единствено немаше волја за албанските студенти.

Тоа беше занаетот на ДУИ. За Албанците чекање, за своите предност. За студентите „ќе видиме”, но кога стануваше збор за нивниот круг, системот веднаш се ставаше во функција.

Токму во времето на Аднан Јашари, синот на Талат Џафери го положил правосудниот испит, иако сѐ уште немал дипломирано. Значи, за албанските студенти немаше решение на албански јазик, додека за синот на функционер на ДУИ системот функционирал.

За своите наоѓаа начин, а проблемите на Албанците ги оставаа нерешени.

Затоа Аднан Јашари треба да одговори зошто не го реши прашањето за правосудниот испит на албански јазик додека беше министер за правда.

Студентите имаат проблем. ДУИ има политички калкулации.

ВЛЕН ова прашање го решава темелно. Правосудниот испит на албански јазик е само почеток. Сите професионални испити ќе можат да се полагаат и на албански јазик.

Албанците повеќе не сакаат врева. Сакаат решенија, а решението доаѓа.

Можете да прочитате

Мопедист тешко повреден, излетал од патот за да избегне судир со товарно возило

Мицкоски: Законот за пушење ќе се спроведува на целата територија на државата, нема да има повластени

Километарски колони и доцнења на граничниот премин Евзони/ Богородица за влез во Грција