Утрински Весник
Свет

Бела куќа: Без „црвените линии“ на Трамп нема договор со Иран

Belata Kuka.jpg

Секој договор со Иран за прекин на војната американскиот претседател Доналд Трамп ќе го потпише само ако се исполнат неговите „црвени линии“, изјави синоќа функционер на Белата куќа, кратко откако состанокот во „собата за ситуации“ заврши без одлука.

Со тоа продолжува неизвесноста околу исходот од разговорите меѓу Техеран и Вашингтон, откако извори во Вашингтон завчера спомнаа прелиминарен договор со кој примирјето би се продолжило за уште 60 дена.

Но, како што пишува АФП, американскиот претседател одолговлекува, а вчера попладне одржа состанок во Белата куќа за време на кој се очекуваше да донесе „конечна одлука“ за евентуален договор со Техеран. Двочасовниот состанок, сепак, не резултираше со никакви непосредни објави.

„Иран мора да прифати дека никогаш нема да има нуклеарно оружје. Ормуската теснина мора веднаш да се отвори, а Техеран мора да се обврзе да ја исчисти од мини“, објави претседателот Трамп пред состанокот на неговата социјална мрежа Трут Соушл.

Можете да прочитате

Украински дронови го нападнаа руското пристаниште Таганрог, се запали танкер и резервоар за гориво

Дронот што падна врз зграда во Романија бил руски, соопшти НАТО

Тројца планинари од Летонија го загубија животот на Алјаска, еден е спасен