Утрински Весник
Македонија

Денешниот ден сончев, утрешниот повторно ни носи врнежи и грмежи

Meteoalarm.mk 57.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Денешниот ден сабота 30 мај 2026 во Македонија ќе биде сончев и релативно топол со појава на мала до умерена локална облачност. Особено во Повардарието, Скопскиот регион и во источните предели повремено ќе дува засилен ветер од северозападен правец.


Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени а во Скопје  и околината денес температурата ќе се искачи до околу 28 степени.

Под влијание  и продор на малку поладен воздух на висина  и атмосферски фронт од север, денот недела 31 мај 2026 особено во попладневните часови во Македонија ни носи нова дестабилизација на атмосферата. Тоа значи дека локално ќе се развиваат конвективни облачни грмотевични јадра од  кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер  и со услови за поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме со услови за појава на град, силен ветер, електрични празнења  и со обилен пороен дожд.

Во делови од Скопскиот регион исто така во попладневните часови на ден Недела 31 Мај 2026 ќе има услови за развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

Што се однесува до температурите на воздухот, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 15 степени а преку денот тие ќе бидат во пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушти до околу 13 степени а преку денот таа ќе се искачи до околу 30 степени.

Можете да прочитате

Пратеничката Лукаревска на настани на ПССЕ во Атина посветени на човековите права и инклузијата

Реакција на МОН на соопштение на политичката партија Левица

СДСМ: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат