Утрински Весник
Македонија

Министерство за правда: Постапката за екстрадиција на Груевски продолжува

Ministerstvo za pravda.webp.webp

Министерството за правда внимателно ги следи информациите објавени во јавноста во врска со наводите дека Никола Груевски стекнал унгарско државјанство. Независно од сите шпекулации и неофицијални информации за евентуалниот статус што го има во Унгарија, Никола Груевски останува државјанин на Република Северна Македонија и е лице кое е предмет на правосилни судски одлуки и активни постапки, се вели во соопштението од Министерството за правда.

-Министерството за правда нагласува дека постапката за негова екстрадиција продолжува согласно домашното законодавство, билатералните договори и меѓународните конвенции. Во рамки на своите надлежности, Министерството и понатаму ќе ги презема сите неопходни правни и дипломатски чекори во комуникација со надлежните органи на Унгарија.


Можете да прочитате

Активен пожарот во с. Иванковци, Велешко, под контрола во Дабова Дупка кај Јасен и во Белица

Тешко повреден полицаец од Фронтекс, го удрило товарно возило со крадени дрва

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ