Утрински Весник
Македонија

Манасиевски: За ДУИ нема место во Владата додека не направи сериозни реформи

Img 6156.jpeg

ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на ставот дека Демократската унија за интеграција треба да биде во опозиција и во моментов не постои простор партијата на Али Ахмети да стане дел од владината коалиција. Ова во емисијата „Ноќно студио“ на „4ТВ“ го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

Тој нагласи дека актуелната власт добила доверба од граѓаните токму со ветувањето дека ДУИ ќе замине во опозиција, поради што, според него, нема причина за промена на тој став.

„Ако нешто имам научено во политиката, тоа е дека никој не вели никогаш. Меѓутоа, ние дојдовме на власт со ветувањето дека ДУИ ќе биде во опозиција. Така што, сè додека нема сериозни внатрешни реформи во ДУИ, јас не гледам дека има какво било место тие да бидат коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ во оваа Влада“, изјави Манасиевски.

Портпаролот на владејачката партија оцени дека ДУИ прво треба да се соочи со состојбите во сопствените редови и да покаже реални промени, пред воопшто да се отвори прашањето за евентуална политичка соработка.

Со оваа порака, Манасиевски уште еднаш потврди дека ВМРО-ДПМНЕ останува на позицијата дека актуелната владина коалиција е стабилна и дека нема преговори за вклучување на ДУИ во извршната власт.

Можете да прочитате

Сончеви периоди претпладне, дожд навечер: Денеска промена на времето

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување